Во ГОБ „8 Септември“ утрово починал 47-годишен пациент од Тетово, со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на коронавирус
Денеска се потврдени 23 нови случаи на ковид-19, оздравени се девет пациенти, а едно лице почина, соопштија од Министерството за здравство.
Од девет оздравени пациенти, по тројца се од Скопје и од Велес, а по еден излекуван има во Прилеп, Струга и Кочани.
Во ГОБ „8 Септември“ утрово починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид-19, а потврден позитивен денеска.
Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје – 12, Куманово – 4, Прилеп – 2, Тетово – 4, Неготино – 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1 921, бројката на оздравени пациенти е 1 387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 685, активни 178
• Куманово – 423, активни 27
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 38, активни 3
• Прилеп – 206, активни 56
• Тетово – 165, активни 76
• Струга – 71, активни 4
• Велес – 127, активни 49
• Битола – 28, активни 9
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка – 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активни 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово – 2, активни 1
• Берово – 1, активни 1
• Свети Николе – 1, активни 1
Направените 702 теста се преку: ИЈЗ – 408, Ветеринарен факултет – 29, Авицена – 38, Биотек – 33, Филип Втори (Жан Митрев) – 39, Систина со PCR-метода – 28 и МАНУ -127. Досега во земјата се направени вкупно 24 018 тестирања на ковид-19.
Во рамки на скринингот не се дијагностицирани заразени со коронавирус
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 365 се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се осум нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, критично болни и на механичка вентилација се двајца.
Во ГОБ „8 Септември“ се примени шест нови, пациенти а вкупно се хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се пет, a со потешка клиничка слика се уште шест пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани осум, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
