Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3.
Со оглед дека денешниот бројот на излекувани е поголем од бројот на заразени се намали и бројот на активни случаи во земјава, кој падна под 2 000. Вчера во земјава имаше 2 018 активни случаи, а сега, според податоците од Министерството за здравство активни се 1 895.
Од почетокот на епидемијата во земјава се дијагностицирани 15 226 случаи. Од нив излекувани се 12 700, а починати 631.
Состојба по градови
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 6156, активни 575
 - Куманово 1548, активни 231
 - Дебар 260, активни 27
 - Штип 1187, активни 90
 - Прилеп 531, активни 139
 - Тетово 1258, активни 104
 - Струга 595, активни 55
 - Велес 280, активни 22
 - Битола 231, активни 42
 - Охрид 376, активни 57
 - Кавадарци 190, активни 25
 - Гостивар 824, активни 114
 - Гевгелија 74, активни 43 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
 - Струмица 83, активни 31
 - Крива Паланка 61, активни 19
 - Радовиш 47, активни 7
 - Крушево 17, активни 1
 - Кочани 166, активни 37
 - Пробиштип 90, активни 15
 - Демир Хисар 60, активни 2
 - Македонски Брод 80, активни 13
 - Пехчево 38, активни 26
 - Берово 68, активни 35
 - Валандово 9, активни 1
 - Виница 83, активни 27
 - Делчево 108, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
 - Кратово 24, активни 6
 - Свети Николе 301, активни 27
 - Кичево 286, активни 42
 - Ресен 147, активни 0
 - Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 
Направените 1 384 теста се преку: ИЈЗ-298, ЦЈЗ Скопје-21, Авицена-167, Биотек-207, МАНУ-154, Жан Митрев (Филип Втори)-216, Систина со PCR метода-172, лабораторија Лаор – 57, Судска медицина-30, ЦЈЗ Битола-38, Инфективна клиника-10, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 159.387 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Состојба во болниците
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.
