Ова го тврдат од американската Агенција за храна истакнувајќи дека нема евиденција за поврзаност на амбалажата со храна и ширењето на коронавирусот
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) денеска на граѓаните им порача дека не е потребно да ја мијат и бришат амбалажата со храната што ја купиле во продавниците, бидејќи коронавирусот не се пренесува на тој начин.
„Нема потреба да ја бришете и миете амбалажата од храната при враќањето дома“, истакнува ФДА во информација објавена на својата веб страница, во обид да го намали стравот кај Американците дека амбалажата може да биде заразена со коронавирус, бидејќи некои истражувања укажале на тоа вирусот може да живее на одредени површини од неколку часа до неколку дена.
„Сакаме да ги увериме потрошувачите дека не постои евиденција за човековата и животинската храна или амбалажа што се поврзани со пренесувањето на коронавирусот, што предизвикува ковид-19“,
пишува на сајтот на ФДА.
ФДА ги потсетува сите луѓе дека наспроти тоа, треба да минат што помалку време во продавниците, со тоа што на време ќе направат список за сите потребни производи што сакаат да ги купат. Исто така, оттаму потсетуваат дека е поважно да држат дистанца од другите луѓе и почесто да ги мијат рацете.