Бројот на заразени лица со ковид-19 во светот надмина 40 милиони, покажуваат податоците на статистичкиот веб-портал „Ворлдометар“.
До овој момент бројот на инфицирани лица од појавата на вирусот изнесува 40 023 269.
Од ковид-19 починале 1,1 милион лица, а се излекувале речиси 30 милиони.
Активни случаи со коронавирус се безмалку 9 милиони.
„Ројтерс“, пак, денеска пренесе дека доцна вечерта во петокот е достигнато рекордно ниво на нови случаи на дневно ниво од над 400 000.
Европа која успешно го совлада првиот бран на инфекции, забележува медиумот, е нов епицентар на коронавирусот во последните неколку седмици и во просек изминатата недела на дневно ниво на европскиот континент имало по 140 000 нови случаи.
Од 100 пријавени случаи од ковид-19 на глобално ниво, дури 34 се од европските земји.