Во моментов активни се 1 586 случаи од кои 765 се во Скопје. Во Битола се 132, додека Валандово и Дојран се двата града без активни случаи
Во последните 24 часа направени се 746 тестови, а регистрирани се 169 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се во: Скопје – 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.
Регистрирани се 242 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 18, Куманово – 17, Прилеп – 15, Велес – 14, Охрид и Кочани – по 9, Гостивар – 8, Струмица – 7, Берово, Кавадарци и Штип – по 6, Струга – 5, Неготино – 4, Тетово, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 2, Богданци, Демир Капија, Кичево, Ресен, Радовиш, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (64г), починато на ден 28.08.2022 година во болнички услови.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340 510, бројот на оздравени пациенти е 329 434, на починати е 9 490, а бројот на активни случаи изнесува 1 586.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 160 069, Активни 765
- Куманово 18 101, Активни 66
- Битола 17 775, Активни 132
- Прилеп 15 385, Активни 73
- Тетово 14 411, Активни 46
- Кавадарци 11 979, Активни 43
- Велес 10 723, Активни 43
- Гостивар 10 255, Активни 22
- Охрид 10 249, Активни 76
- Струмица 8 757, Активни 20
- Штип 8 701, Активни 27
- Кичево 6 047, Активни 16
- Кочани 5 520, Активни 35
- Струга 5 164, Активни 19
- Гевгелија 4 846, Активни 13
- Неготино 4 117, Активни 17
- Ресен 3 002, Активни 12
- Радовиш 2 824, Активни 15
- Свети Николе 2 784, Активни 6
- Крива Паланка 2 634, Активни 22
- Делчево 2 162, Активни 49
- Берово 1 841, Активни 14
- Дебар 1 811, Активни 9
- Валандово 1 593, Активни 0
- Виница 1 479, Активни 10
- Пробиштип 1 297, Активни 2
- Кратово 1 101, Активни 6
- Богданци 1 097, Активни 9
- Крушево 1 020, Активни 6
- Демир Хисар 925, Активни 1
- Македонски Брод 793, Активни 5
- Демир Капија 629, Активни 2
- Македонска Каменица 535, Активни 4
- Пехчево 515, Активни 1
Photo: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI