Во последните 24 часа се направени 4 384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на ковид-19
Пријавени се 29 починати лица, како последица на ковид-19 во изминатото деноноќие, амеѓу кои е и двегодишното дете за кое од Министерството за здравство соопштија дека починало на Клиниката за детска хирургија и дека имало повеќе болести, а било позитувно на ковид-19.
Во известувањето од МЗ за смртта на двегодишниот пациент беше најавено дека детето ќе биде заведено во денешниот ковид- билтен, во кој се наведени и дополнителни информации за случајот.
„Дете е родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургиј, поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со ковид-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis“,
се наведува во дневниот билтен на МЗ.
Покрај двегодишното дете, во изминатото деноноќие се пријавени уште 12 смртни исходи од ковид-19 во Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г,), три починати лица се од Куманово (84г, 69г и 39г), по двајца починати се од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички, а две лица во домашни услови.
Во последните 24 часа се направени 4 384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на ковид-19:
Скопје – 249,
Куманово – 49,
Струмица – 40,
Охрид – 30,
Штип – 25,
Тетово – 23,
Прилеп – 18,
Кавадарци – 16,
Битола – 14,
Велес – 12,
Кичево – 10,
Гостивар – 9,
Радовиш – 8,
Кочани – 7,
Струга и Свети Николе – по 6,
Ресен и Дебар – по 5,
Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4,
Неготино – 3,
Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2,
Пробиштип и Богданци – по 1.
Регистрирани сe 507 оздравени пациенти во последното деноноќие.
Досега во земјата се направени вкупно 1 242 490 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186 010, бројката на оздравени пациенти е 166 606, на починати е 6 396, а бројот на активни случаи изнесува 13 008.