Досега во светот се регистрирани 14 348 858 случаи на ковид-19, а 603 691 лице починале.
Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), само вчера се потврдени речиси 230 000 случаи на ковид-19 и 5 111 починати.
Најголем дел од заразените досега се регистрирани во Јужна и Северна Америка – 7 584 675.
Во Европа, пак, бројот на инфицирани изнесува 3 079 218, а во југоисточниот дел на Азија од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 1 436 141 случај на коронавирус.