Според статистиките за последните 24 часа за оздравени и новозаразени, бројот на активни случаи во земјава падна под 6 000
Во последните 24 часа, во земјава се направени 2 445 тестирања за ковид-19, од кои се дијагностицирани 389 нови случаи.
По градови тие се регистрирани во: Скопје – 140, Прилеп – 34, Кавадарци – 33, Куманово – 21, Велес – 20, Охрид – 15, Делчево – 14, Битола – 13, Тетово и Струмица – по 12, Неготино – 11, Штип – 10, Гевгелија – 8, Гостивар и Берово – по 6, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 4, Струга, Кочани и Ресен – по 3, Виница, Демир Капија и Дојран – по 2, Кичево, Дебар, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод, Богданци и Крушево – по 1.
Регистрирани се 998 оздравени пациенти од: Скопје – 620, Куманово – 36, Тетово – 35, Охрид – 33, Струмица – 28, Кавадарци, Велес и Гостивар – по 25, Битола – 18, Ресен и Дебар – по 16, Делчево и Штип – по 15, Прилеп и Гевгелија – по 13, Неготино, Струга и Кичево – по 8, Пробиштип и Македонска Каменица – по 5, Кратово и Богданци – по 4, Крива Паланка, Виница, Крушево и Пехчево – по 3, Кочани, Демир Капија, Радовиш и Валандово – по 2, Берово, Свети Николе и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица: еден пациент од Куманово (73г), Кавадарци (65г), Пробиштип (87г) и Виница (83г). Три пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во домашни услови.
Бројот на активни случаи падна под 6 000
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 95 736, бројката на оздравени пациенти е 86 844, на починати е 2 959, а бројот на активни случаи изнесува 5 933.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 41 823, активни 2 778
- Куманово 5 317, активни 240
- Тетово 5 221, активни 211
- Прилеп 4 709, активни 200
- Гостивар 3 674, активни 117
- Штип 3 544, активни 78
- Битола 3 293, активни 121
- Велес 3 228, активни 216
- Охрид 2 972, активни 350
- Кавадарци 2 835, активни 367
- Струмица 2 598, активни 142
- Струга 2 287, активни 151
- Кочани 1 760, активни 53
- Кичево 1 743, активни 78
- Свети Николе 1 094, активни 23
- Гевгелија 1 055, активни 97
- Неготино 1 012, активни 71
- Дебар 777, активни 53
- Ресен 767, активни 63
- Крива Паланка 750, активни 41
- Радовиш 733, активни 47
- Делчево 688, активни 201
- Берово 614, активни 31
- Пробиштип 516, активни 18
- Виница 503, активни 26
- Валандово 332, активни 9
- Демир Хисар 254, активни 11
- Македонски Брод 249, активни 10
- Кратово 244, активни 22
- Богданци 227, активни 5
- Крушево 226, активни 38
- Демир Капија 226, активни 47
- Македонска Каменица 192, активни 4
- Пехчево 183, активни 4
- Дојран 90, активни 10