Во последното деноноќие починаа 24 пациенти, со што бројката на починати се искачи на 5 016. Најмладата жртва во изминатите 24 часа имала 32 години
Со последните бројки за новозаразени, починати и излекувани, бројот на активни случаи падна под 13 000. Во моментов изнесува 12 754, додека вчера беше 13 169
Во последните 24 часа се направени 2 928 тестирања, а регистрирани се 323 нови случаи на ковид-19, информираше Министерството за здравство.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 96, Куманово – 35, Прилеп – 20, Струмица – 17, Битола – 16, Кочани – 13, Велес – 12, Тетово и Гостивар – по 11, Охрид и Кичево – по 10, Кавадарци и Неготино – по 8, Штип и Радовиш – по 7, Ресен – 6, Свети Николе и Виница – по 5, Делчево – 4, Струга, Берово и Крушево – по 3, Крива Паланка, Пробиштип, Демир Хисар и Кратово – по 2, Гевгелија, Валандово, Богданци, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани се 714 оздравени пациенти од: Скопје – 295, Струмица – 91, Прилеп – 73, Битола – 49, Куманово – 32, Штип – 30, Тетово – 24, Велес – 23, Радовиш – 13, Гевгелија и Валандово – по 11, Кавадарци – 8, Гостивар, Виница и Дебар – по 7, Кочани – 5, Охрид, Струга, Берово и Богданци – по 4, Неготино и Свети Николе – по 3, Делчево и Крива Паланка – по 2, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Пријавени се вкупно 24 починати лица: 8 од Скопје (32г,53г,68г,71г,73г,83г,87г и 87г), 4 починати лица од Битола (72г,73г,81г и 82г), по 2 од Струмица (71г и 71г), Прилеп (72г и 80г) и Куманово (62г и72г), и по 1 починато лице од Штип (87г),Тетово (75г), Гостивар (64г), Кочани (64г), Охрид (72г) и Струга (71г). Од пријавените, 21 се починати во болнички, а 3 во домашни услови.
Направени се 2 928 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-63, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 13, ГОБ 8 Септември-9, Институт за микробиологија – 0, МАНУ-147, Жан Митрев (Филип Втори)-176, Авицена-253, Биотек-258, Систина-243, лабораторија Лаор-273, Синлаб-59, Ремедика-50, Плодност – 47, Генеа – 25, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 792.
Досега во земјата се направени вкупно 729 337 тестирања на Ковид-19.
Каква е состојбата по градови
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153 137, бројката на оздравени пациенти е 135 367, на починати е 5 016, а бројот на активни случаи изнесува 12 754.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 67 612, активни 5 916
- Куманово 8607, активни 969
- Прилеп 8 210, активни 530
- Тетово 7 136, активни 507
- Битола 6186, активни 792
- Велес 5 423, активни 447
- Гостивар 5 135, активни 330
- Кавадарци 5 129, активни 313
- Охрид 4 932, активни 449
- Штип 4 910, активни 288
- Струмица 40 38, активни 243
- Струга 2 949, активни 153
- Кочани 2 741, активни 176
- Кичево 2 488, активни 256
- Гевгелија 2 179, активни 196
- Неготино 2 167, активни 174
- Свети Николе 1 499, активни 103
- Ресен 1 216, активни 193
- Крива Паланка 1 210, активни 48
- Радовиш 1 098, активни 85
- Берово 1 018, активни 30
- Делчево 956, активни 78
- Дебар 931, активни 25
- Виница 830, активни 115
- Пробиштип 775, активни 21
- Валандово 661, активни 20
- Богданци 492, активни 52
- Крушево 484, активни 98
- Демир Капија 394, активни 19
- Демир Хисар 390, активни 68
- Македонски Брод 355, активни 17
- Кратово 356, активни 7
- Пехчево 264, активни 17
- Македонска Каменица 234, активни 14
- Дојран 132, активни 5