Дополнително, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 4 до 14 ноември
Регистрирани се 476 нови случаи на ковид-19 во последното деноноќие од 3 145 тестирања, соопшти Министерството за здравство:
Скопје – 208,
Битола – 45,
Велес – 29,
Прилеп – 22,
Куманово – 21,
Кавадарци – 18,
Охрид, Кочани и Гевгелија – по 13,
Штип – 11,
Делчево – 8,
Берово – 7,
Струмица, Неготино и Радовиш – по 6,
Тетово, Свети Николе, Крива Паланка , Кратово и Демир Хисар – по 5,
Ресен – 4,
Гостивар, Кичево, Виница , Валандово и Крушево – по 3,
Пробиштип и Пехчево – по 2,
Струга и Македонска Каменица – по 1.
Регистрирани сe 279 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се девет смртни по двајца починати од Скопје (76г и 77г) и Куманово ( 65г и 73г) и по едно починато лице од Велес (79г), Кавадарци (68г), Штип (88г), Прилеп (70г) и Крива Паланка (40г). Од пријавените лица осум се починати во болнички услови, а едно лво домашни услови.
Дополнително, пријавени се четири починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 14.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Битола (1), Велес(1) и Кочани (1), на возраст од 57-81г, од кои три лица се починати во домашни услови и едно лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1 436 695 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 210 447, бројот на оздравени пациенти е 194 625, на починати 7 367, а бројот на активни случаи изнесува 8 455.