Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3 398 тестирања, а регистрирани се 1 406 нови случаи на ковид-19. Ова е највисоката дневна бројкна на нови случаи досега.
Најмногу од нив се во Скопје – 627.
Останатите се во: Куманово-73, Дебар-1, Штип-37, Прилеп-98Тетово-72, Струга-17, Велес-55, Битола-51, Охрид-57, Кавадарци-40, Гостивар-84, Гевгелија-11, Струмица-30, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-8, Кочани-34, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-8, Виница-20, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-10, Ресен-13, Неготино-11.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12, Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.
Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Активни се 19 035
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50 015, бројката на оздравени пациенти е 29 583, на починати е 1 397, а бројот на активни случаи изнесува 19 035.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
- Скопје 21 984, активни 9059
- Куманово 3 231, активни 925
- Дебар 420, активни 89
- Штип 2 250, активни 493
- Прилеп 2 325, активни 959
- Тетово 3 295, активни 1 024
- Струга 1 146, активни 318
- Велес 1 551, активни 769
- Битола 1 489, активни 738
- Охрид 1 255, активни 536
- Кавадарци 950, активни 414
- Гостивар 1 894, активни 638
- Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)
- Струмица 1 420, активни 580
- Крива Паланка 355, активни 112
- Радовиш 359, активни 121
- Крушево 82, активни 49
- Кочани 1 068, активни 313
- Пробиштип 300, активни 79
- Демир Хисар 154, активни 63
- Македонски Брод 133, активни 27
- Пехчево 88, активни 26
- Берово 287, активни 68
- Валандово 151, активни 44
- Виница 311, активни 149
- Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
- Кратово 130, активни 72
- Свети Николе 686, активни 200
- Кичево 991, активни 410
- Ресен 365, активни 137
- Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 3 398 теста се преку: ИЈЗ-1194, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-400, Биотек-287, МАНУ -305, Жан Митрев (Филип Втори)-229, Систина со PCR метода -257, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -409, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на Ковид -19.