Обединетото Кралство, посочува македонскиот премиер, е наш стратешки партнер и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка
Пријателството меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, како и сојузништвото во НАТО, се силни влогови за безбедноста и стабилноста, објави на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски, по средба со британскиот премиер. Борис Џонсон, на маргините на безбедносната конференција во Минхен.
„Обединетото Кралство е наш стратешки партнер и во континуитет ни дава силна меѓународна поддршка. Премиерот Џонсон ни честиташе за сите наши заложби за спроведување конструктивен дијалог кој ќе ни овозможи исполнување на нашите стратешки цели за евроатланска интеграција“,
напиша Ковачевски.