Двајцата премиери размениле мислења за севкупните билатерални односи и оцениле дека тие се традиционално партнерски и пријателски и без отворени прашања, што дава основа за зголемен фокус во претстојниот период на развивање на економската соработка и инфраструктурното поврзување
Како сојузници во НАТО, Северна Македонија и Црна Гора споделуваат и идентична надворешнополитичка цел, членството во Европската Унија, и на тој пат се подготвени да работат заедно во остварување на критериумите и стандардите за членство, заклучија премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, кој е во работна посета на Северна Македонија заради учество на неформалниот состанок на лидери од НАТО од регионот.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски на својот црногорски колега Спајиќ му го честитал изборот за претседател на владата на Црна Гора, посакувајќи му успех и споделувајќи надеж за одлична соработка во корист на двете држави и народи.
Изрази задоволство што првата посета на премиерот Спајиќ по стапувањето на функцијата е токму на нашата држава, што зборува за блискоста на нашите земји.
Двајцата премиери размениле мислења за севкупните билатерални односи и оцениле дека тие се традиционално партнерски и пријателски и без отворени прашања, што дава основа за зголемен фокус во претстојниот период на развивање на економската соработка и инфраструктурното поврзување.
На средбата присуствувале и министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.