Премиерот пречека неколку коледарчиња кои ја пееја коледарската песна пред неговиот дом
Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Ова се убави денови во кои е испреплетена традицијата, љубовта, верба во добрината, милостивоста, напиша на својот фејсбук профил, премиерот Димитар Ковачевски.
„Честит Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата“,
стои во објавата на Ковачевски.
На видеото во објавата премиерот пречека неколку коледарчиња кои ја пееја коледарската песна пред неговиот дом.