„Апсолутно дека согласно со наодите со заклучоци или активности на која било институција во државата Владата ќе постапи во секое време. Јас веќе во една пригода минатата недела кажав дека сите институции согласно своите надлежности треба да работат и тука пред се мислам на Антикорупциската комисија и на обвинителството кои секоја информација треба да ја испитаат и врз основа на тоа да носат одлуки согласно со закон“, изјави денеска премиерот
На прашањето дали Владата е подготвена да ја повтори тендерската постапка, премиер рече: „Се што ќе произлезе од овие постапки Владата ќе го спроведе“
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Владата во секое време ќе постапи согласно наодите на надлежните институции, а во врска со проектот за изградба на автопатите од коридорите 8 и 10-д.

Изминатиот период во јавноста се појавија повеќе сомнежи околу изборот на дел од компаниите кои ќе се дел од конзорциумот за надзор над изведбата на коридорите што ќе ги гради американскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.
Одговарајќи на новинарско прашање премиерот во овој контекст денеска потсети дека уште минатата недела ги повикал сите надлежни институции да ја испитаат секоја информација.
„Апсолутно дека согласно со наодите со заклучоци или активности на било која институција во државата Владата ќе постапи во секое време. Тоа го потврдивме со тоа што сите документи кои се дел од тендерската постапка и кои беа спроведени врз основа на посебниот закон за овој проект изгласан во Собранието и потврден од Уставниот суд сите документи се јавно објавени на Бирото за јавни набавки согласно сите спроведени процедури. Јас веќе во една пригода минатата недела кажав дека сите институции согласно своите надлежности треба да работат и тука пред се мислам на Антикорупциската комисија и на обвинителството кои секоја информација треба да ја испитаат и врз основа на тоа да носат одлуки согласно со закон“,
изјави денеска премиерот по настанот по повод хуманитарната акција за помош и поддршка на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
На прашањето дали Владата е подготвена да ја повтори тендерската постапка, премиер рече:
„Се што ќе произлезе од овие постапки Владата ќе го спроведе“
Инаку, Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) отвори предмет во врска со компаниите што ќе треба да прават надзор на изградбата на автопатиштата од коридорите 8 и 10-д
Тендерот за надзор на изградбата на автопатите од Коридорите 8 и 10-д го доби конзорциумот од четири компании, од кои две странски (италијанската ИРД и шпанската „Ептиса“) и две домашни компании („Електра солушнс“ и „Евро консалтинг“).
За една од фирмите кои се дел од надзорот – „Евро консалтинг“, „Призма“ објави дека еден од сопствениците, Бранислав Димитријевиќ, во Ерменија бил ангажиран како лидер на тим во француско-шпанскиот конзорциум „Савеж-Ептиса“ за голем инфраструктурен проект. Ерменското обвинителство, пак, има покренато обвинение за тој проект – „Развој и спроведување патен коридор Север – југ во периодот од 2009 до 2018 година“. Димитријевиќ, конкретно, таму се гони за кривично дело кое во ерменскиот закон гласи „извршена измама од голем обем“ (член 178, став 3, точка 1 од Кривичниот законик на Ерменија).
„Ептиса“, која учествувала во конзорциумот во Ерменија, а сега е дел од конзорциумот во Македонија, пак, веќе има своја историја и во земјава. За неа, ТВ Алсат-М објави дека Владата на 24 ноември 2020 година донела одлука со која на сите државни институции и општини им забранила да ја ангажираат на тендери над 1 милион евра поради незаконско, неетичко и неодговорно постапување во надзорот на работите на пругата Куманово – Бељаковце. Меѓутоа, одлуката била укината на 9 февруари 2021 година.
Анализата на договорот што ја направи „360 степени“ покажува дека она што на јавноста ѝ се претставува како надзор од меѓународни експерти, всушност, е само завеса зад која доминантно стојат домашни кадри. Од 81 експерт, кои ќе бидат вклучени во надзорот, само 5 се странци, од кои четворица од земји од соседството.
Според документите, на 4 лица од правниот тим за преговори за цената на чинење на градбата на автопатските делници им се дадени паушали од 300 илјада евра по човек, односно вкупно за четворицата државата ќе плати 1 200 000 евра.
Најголем дел од 22,3 милионскиот тендер одат кај „Електра солушнс“ или подизведувачите што ги ангажирале. Тоа се околу 8,3 милиони евра. Втора по „тежина“ е, исто така, македонската „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ за кого има обвинение во Ерменија – за чии услуги се наменети околу 7,1 милиони евра од тендерот. Од останатите пари, 4,1 милиони одат кај ИРД од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на ИРД во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеската „Ептиса“, се предвидени 400 000 евра.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак во петокот излегоа со тврдења дека компанијата „Електра солушнс“, еден ден по добивањето на лиценцата за надзор, добила грант од Фондот за иновации од 65 000 евра за проект „Дигитално решение за управување со градежни проекти“, која наводна иновација, велат од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно ќе ја користат при надзорот.
Од партијата потсетија дека и самото добивање на лиценцата за надзор е сомнително. Имено, како што веќе пишуваше „360 степени“, „Електра солушнс“ добила лиценца за време на тендерот, а барањето е поднесено 12 дена откако тендерот веќе бил распишан, а позитивниот одговор стигнал за помалку од пет работни дена.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во саботата викендов најави дека за месеци од сега, лично тој ќе се занимава со скандалот поврзан со надзорот на изградбата на коридорите 8 и 10-д.
Одговарајќи на новинарско прашање рече оти не очекува Обвинителството да отвори предмет, но и дека овој, како што рече, криминал, може само засега да се става под тепих.
