Во однос на ДУИ, која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, лидерот на СДСМ оцени оти не може некој „да ја продава идејата за Европа“, а на митинзите да нема ниедно европско знаме и да извикува пароли кои, како што рече, нè враќаат повеќе од 20 години во минатото кое е заборавено. Така, рече Ковачевски, не се оди во Европа
Ниеден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад и повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Но, очигледно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се подготвени и на тоа само за да соберат некој политички глас плус.
Ова е една од пораките кои од вчерашниот митинг во Крушево ги испрати лидерот на Социјалдемократскиот сојуз и носител на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица, Димитар Ковачевски.
„Ако десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ на гордиот наследник на Груевски добие преголема моќ тоа ќе ги убие нашите европски перспективи“,
порача Ковачевски од митингот во Крушево.

Во однос на ДУИ, која ја предводи коалицијата „Европски фронт“, лидерот на СДСМ оцени оти не може некој „да ја продава идејата за Европа“, а на митинзите да нема ниедно европско знаме и да извикува пароли кои, како што рече, нè враќаат повеќе од 20 години во минатото кое е заборавено. Така, рече Ковачевски, не се оди во Европа.
„Доволно долго седевме во чекалната за Европа и верувам никој од вас не сака пак да се вратиме таму. Уште повеќе сум сигурен дека ниту еден граѓанин не сака да се вратиме повеќе од 20 години наназад и повторно да се распалат меѓуетничките тензии. Но, очигледно ВМРО и ДУИ се подготвени и на тоа само за да соберат некој политички глас плус“,
порача лидерот на СДСМ од митингот во Крушево.
Обраќајќи им се на сите етнички заедници во земјава, Ковачевски упати порака да не се дозволи уништување преку ноќ на мултиетничкиот соживот кој, како што рече, напорно се гради повеќе од три децении.