Премиерот Ковачевски го запознал австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Северна Македонија и изразил задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата
Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Виена, во рамки на дводневната работна посета, оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер.
Како што информираа од владата, двајцата соговорници размениле ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза.
Премиерот Ковачевски го запознал австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Северна Македонија и изразил задоволство од тоа како тече скрининг процесот и реформскиот процес во земјата.
„Ковачевски му се заблагодари на Нехамер за севкупната поддршка од Австрија за процесот на пристапните преговори како и за силната поддршка која ја добива Северна Македонија како на економски така и на безбедносен план. Австрија е силен и гласен поддржувач, партнер и застапник за европската интеграција на Северна Македонија, и на земјите од Западниот Балкан“,
беше кажано на средбата, соопштија од владата.