ВМРО-ДПМНЕ која беше најгласна од опозициските редови што претходниот период бараше предвремени избори, а нејзиниот лидер Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ рече дека тие не се откажале од ова барање, но во услови на криза одлучиле да водиме поинаква политика
Со оглед на превирањата во ДУИ и најавениот состанок на партијата на 15 октомври, пак, премиерот вели дека нема најави дека тоа би се одразило и на составот на Владата. На оваа тема, Османи денеска рече дека она што ќе се случи тогаш е што дебата од јавноста ќе се префрли во партиските тела, а на прашањето дали лично се чувствува загрозен, тој рече дека е мисионер, а не функционер
„Набројавте многу теми на кои може да се разговара. Сметам дека Собранието е место каде треба да се разговара на сите овие теми. Прво за предвремените избори не гледам политичка партија која зборува за тоа, во однос на парламентарното мнозинство тоа е стабилно. Во однос на енергетската и економската криза сите бевте сведоци и видовте дека на состанокот сите стопански комори беа присутни, синдикатите, ССМ, УПОЗ, таму беше и професорот и пратеник од Алијанса за Албанците Елми Азири, така што тоа беше еден исклучително широк круг. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ одбија да дојдат на моја покана и од своите лични причини, и затоа ги поканив да дојдат претходниот ден на одвоена средба каде ќе може да претстават тоа што го имаат како замисла“,
рече Ковачевски.
ВМРО-ДПМНЕ беше најгласна од опозициските редови што претходниот период бараше предвремени избори, а нејзиниот лидер Христијан Мицкоски во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ рече дека тие не се откажале од ова барање, но во услови на криза одлучиле да водиме поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта.
Нема најави за промена на владиниот состав поради превирањата во ДУИ
Во однос на владиниот состав со оглед на тоа што раководството на ДУИ најави состанок на 15 октомври за реформирање на партијата по револтот што го искажа „огнената група“, пред сè од првиот вицепремиер Артан Груби, премиерот вели дека нема најави за промена на кадрите.
„Знам дека ДУИ има најавено избор на претседателство, но нема најава во моментов за какви било промени во владиниот состав“,
рече Ковачевски.
Бујар Османи, кој е дел од извршната како шеф на дипломатијата кон која „огнените“ изразуваат незадоволство, рече дека она што ќе се случи на 15 октомври е префрлање на дебата од јавноста внатре во партиските тела.
„Тоа што се одлучи е дебатата од јавност да се префрли во партиските тела и тоа ќе се случи на 15 октомври, ќе се формираат партиските тела во кои ќе продолжи оваа дебата која е израз на демократската пракса и слободата во партијата секој да си ги изрази своите мислења и мислам дека тоа е здраво за секоја партија и секое општество“,
рече Османи.
На прашањето дали се чувствува лично загрозен за својата позиција во Владата, тој одговори дека е мисионер, а не функционер.
„Јас сум професионален политичар кој кариерата не ја имал само во владата. Кога не сум бил во владата сум бил во партијата. Тоа што вика Ахмети, јас сум мисионер, не сум функционер. Овие платформи се само начин на изразување на мојата мисија, дали како портпарол, министер, функционер, е всушност една идеја и ние работиме за идејата“,
рече Османи.