Средствата за реализација на овој проект со кој ќе се ревитализираат осумте големи хидроелектрани во земјава е во висина од околу 29 милиони евра, а како што објасни Ковачевски средствата ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од средства на ЕСМ
Овој проект, кој е дел од оперативната програма на Владата за 2022-2024 година во делот на енергетиката, како што посочи премиерот, ќе ја зајакне македонската енергетска стабилност и независност, а како што додаде, потребно е искористување на сопствените ресурси
Осумте хидроелектрани „Вруток“, „Врбен“, „Равен“, „Тиквеш“, „Шпилје“, „Глобочица“, „Козјак“ и „Света Петка“, чија моќност е околу 85 проценти од моќноста на хидроцентралите во земјава, ќе бидат ревитализирани во рамки на големиот проект за ревитализација, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Овој проект, кој е дел од оперативната програма на Владата за 2022-2024 година во делот на енергетиката, рече Ковачевски, ќе ја зајакне македонската енергетска стабилност и независност, а како што додаде, потребно искористување сопствените ресурси.
„Освен обновата на машинскиот дел на овие капацитети, дополнителна придобивка од проектот е предвиденото зголемување на капацитетот на акумулацијата ‘Маврово’ што ќе обезбеди пораст на годишното производство за околу 40 гигават-часови. Таквото зголемено производство на енергија од вода значи заштеда од 36,4 илјади тони јаглен“,
рече Ковачевски.
Средствата за реализација на овој проект во висина од околу 29 милиони евра, како што објасни Ковачевски, ќе бидат обезбедени од грантови и поволни кредити, како и од средства на ЕСМ.
Генералниот директор на најголемата енергетска компанија во земјава „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, зборуваше за почетокот на градбата и развојот на хидроенергетскиот систем „Маврово“ и напомена дека ревитализацијата доаѓа во исклучително важен период.
„АД ЕСМ во моментот има 12 проекти за обновливи извори во различни фази на реализација и сметаме дека токму тоа е вистинското долгорочно решение за справување со евентуални енергетски кризи“,
рече Васко Ковачевски и напомена дека АД ЕСМ во третата фаза на ревитализација на големите хидроелектрани ќе инвестира 36 милиони евра.
Изјавите беа дадени на денешното одбележување на 65-годишнината од постоењето на хидроенергетскиот систем „Вруток“.