Во придружба на премиерот, кој ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, се министрите за надворешни работи и за одбрана
Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на вонредниот самит на НАТО, закажан поради руската инвазија на Украина.
Од Владата соопштија дека Ковачевски денеска и утре е во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на вонредниот самит на шефови на држави и влади на НАТО.
Ковачевски, во придружба на министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и постојаниот претставник на Северна Македонија во НАТО, амбасадорот Дане Талески, ќе земе учество на состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади кој ќе се одржи утре, на 24 март, информираат од Владата.
Според најавите, украинскиот претседател Володимир Зеленски, преку видеоврска, ќе биде дел од самитот на НАТО. Неговиот портпаролот Сергиј Никифоров рекол дека Зеленски ќе има видеообраќање на самитот, но и дека би можел да учествува во дискусиите, пренесе Ројтерс.
На самитот на НАТО ќе учествува и претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој утре патува во Брисел.