Благодарение на успехот во НОБ, посочува премиерот во честитката, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија
Премиерот Димитар Ковачевски упати честитка по повод државниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
Благодарение на успехот во НОБ, посочува премиерот во честитката, постои денешна, современа и независна, демократска, евроатлантска Република Северна Македонија. Затоа, како што вели, 11 октомври 1941 година, кога започнува македонското народноослободително антифашистичко востание, бил, е и ќе биде секогаш на светлите страници на македонската историја.
„Македонските борци, со непокорот уште од 1903 година и успехот во Народноослободителната борба во 1944 година, го трасираат патот до слободата и државноста, но и на македонскиот напредок. Исто како партизаните, едни до други и едни со други, да останеме цврсти и обединети по патот напред. Да ја внесеме државата во ЕУ и да ги донесеме европските стандарди во родната земја. Да одговориме на аманетот и нашата света должност – денес ние, да создадеме иднина за следните генерации!“,
порача премиерот Ковачевски по повод денешниот државен празник.