Премиерот нагласи дека за остварување на енергетската транзиција како важен дел од визијата за Западен Балкан потребна е силна соработка на целиот регион со фокус на изнаоѓање алтернативи за стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, но и насочување кон обновливи извори на енергија. Во таа насока, Ковачевски го посочи својот и концепт за енергетска трансформација преку примена на обновливи извори, ефикасни ресурси, како и конкурентни и климатски неутрални практики и стандарди
Северна Македонија е првата земја од Западен Балкан која ја усвои стратегијата за развој на енергетскиот сектор заснована на столбовите на Зелениот договор на ЕУ, истакна премиерот Димитар Ковачевски на сесијата за енергетска стабилност и трансформација во рамките на Самитот на Берлинскиот процес за Западен Балкан во Берлин.

„Ние сме и првата земја која спроведува проект за замена на стара термоцентрала на јаглен во ‘Осломеј’ во Кичево со фотонапонска централа, како конкретен чекор кон енергетската транзиција на Северна Македонија, покажувајќи силна иницијатива за декарбонизација на нашиот енергетски сектор. Ќе го спомнам и нашиот најзначаен проект за енергетска транзиција, во фаза на евалуација е изградбата на пумпно складиште хидроцентрала ‘Чебрен’, Црна Река, вредна над 800 милиони евра“,
рече Ковачевски.
Премиерот нагласи дека за остварување на енергетската транзиција како важен дел од визијата за Западен Балкан потребна е силна соработка на целиот регион со фокус на изнаоѓање алтернативи за стабилно и континуирано снабдување со електрична енергија, но и насочување кон обновливи извори на енергија.
Во таа насока, Ковачевски го посочи својот и концепт за енергетска трансформација преку примена на обновливи извори, ефикасни ресурси, како и конкурентни и климатски неутрални практики и стандарди

„Само во изминативе неколку месеци во Северна Македонија започна со работа најголемата досега фотоволтаична електрана, која произведува струја од домашни ресурси, од македонското сонце, а ги задоволува потребите на многу домаќинства. Од една страна, поедноставените процедури за поставување фотоволтаици овозможуваат посеопфатна и поширока нивна примена, додека, пак, сериозниот пристап кон инвестиции во областа на енергетиката со посебен фокус на обновливите извори на енергија од друга страна, овозможува интензивирање на енергетската трансформација на земјата, но и на регионот“,
рекол Ковачевски.
За реализација, пак, на другите зацртани планови, Ковачевски посочи дека е потребна голема поддршка преку грантови и поволни заеми за новите проекти со цел работа на ефективни планови за праведна транзиција со достапни најдобри практики.
„Енергетската трансформација во транзицијата кон чисти извори на енергија, како и создавањето на систем кој ќе овозможи климатски отпорни економии е нашиот влог во иднината“,
истакна премиерот Ковачевски.
Премиерот нагласи дека кризата со која се соочуваме ни ја предочи важноста на домашното производство на енергија, но и потребата да се има резервен план во иднина кој ќе ни помогне полесно да пребродиме слични ситуации, но истовремено и да ја заштитиме животната средина.