Струмица, во која локалната власт е во рацете на СДСМ од 2005 година, кога сегашниот премиер Заев првпат беше избран за градоначалник, е една од деветте општини во кои во кои владејачката партија оствари победа во првиот круг на овие локални избори
Костадин Костадинов, новоизбраниот градоначалник на Струмица, а досегашен пратеник и портпарол на СДСМ, денеска ја презема функцијата во локалната самоуправа од својот сопартиец Коста Јаневски.
„Тука сум и почнав. Интензивно, точно и навремено, со максимална транспарентност и отчетност. Затоа што потребите и условите за живот на сите полови и старосни категории граѓанки и граѓани, буквално на сите жители кои живеат на територијата на Општина Струмица мора да бидат уважени.Во претстојните четири години нé очекува многу работа за да биде реализирано сето она кое, со сите вас, веќе го разговараме. Секако, тука нема да застанеме. Напротив, продолжуваме, на таков начин и со дијалози, со уште посилно темпо“,
напиша Костадинов на својот фејсбук профил.
Струмица, во која локалната власт е во рацете на СДСМ од 2005 година, кога сегашниот премиер Зоран Заев првпат беше избран за градоначалник, е една од деветте општини во кои во кои владејачката партија оствари победа во првиот круг на овие локални избори. Во сите овие општини СДСМ имаше градоначалници и во изминатите четири години. Сепак, во дел од нив, како што е примерот со Струмица или со Крива Паланка, владејачката партија на овие избори настапи со нови кандидати за градоначалници.
Со преземањето на градоначалничката функција во Струмица, е испразнето пратеничкото место на Костадинов во законодавната власт. На неговото место во парламентот ќе влезе следниот од листата на СДСМ во четвртата изборна единица за парламентарните избори во 2020 година.