Косовските власти денеска му забранија на српскиот патријарх Порфирија да дојде во Патријаршијата во Пеќ за претстојниот празник Рождество Христово. Патријархот ја добил веста со чудење, но тој нема да се откаже од намерите да служи богослужба во Пеќ, односно во манастирот каде што и тој самиот е игуман, односно старешина и кажа дека очекува забранатада биде отстранета.
Во соопштението од СПЦ се вели дека патријархот Порфирије се моли за мир и добра волја помеѓу сите луѓе, а посебно се моли за мир помеѓу Србите и Албанците на Косово, каде што народите со векови живеат заедно.
Директорот на канцеларијата на Србија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, пак кажа дека со забраната, покрај скратувањето на човековите права на Србите на Косово, сега е укинато и правото на верски живот.
“Умерената и христијанска реакција на патријархот на забраната за неговото доаѓање на Косово и Метохја, испратена преку неговата молитва за мир помеѓу Србите и Албанците, уште еднаш потврдува колку е исправна и праведна борбата на српскиот народ за опстанок на Косово и Метохија и колку нашиот народ е изложен на насилства таму”,
кажа Петковиќ.