Говорејќи во оваа насока, Османи-Садриу рече дека иако Косово отворено и конструктивно ќе учествува во новата рунда преговори со Србија, сепак, додаде дека позицијата на Белград може да се насети и од досегашните постапки, односно, како што рече, од кршењето на договорот постигнат во Брисел и анексот во Охрид
Навистина се надевам дека нашите пријатели и сојузници ќе се погрижат да разговараат и да извршат притисок врз Србија за и таа да ги почитува обврските што ги има преземено од овој процес, каде што Косово и Србија се третираат од аспект на правото и меѓународните односи како две рамноправни страни во однос на меѓудржавните односи и каде што двете страни го признаваат меѓусебниот суверенитет.
Ова го изјави косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу на денешната прес-конференција со својот македонски колега Стево Пендаровски, велејќи дека официјален Белград во повеќе наврати го прекршил договорот за нормализација на односите со Приштина.
Таа порача дека резултатот од секој преговарачки процес не може да зависи само од едната страна во дијалогот, туку од заемната заложба на двете страни, на посредниците на процесот, но пред сè од тоа дали разговорите се водат во согласност со принципите на добра волја.
Говорејќи во оваа насока, Османи-Садриу додаде дека иако Косово отворено и конструктивно ќе учествува во новата рунда преговори со Србија, сепак, рече дека позицијата на Белград може да се насети и од неговите досегашните постапки, односно, како што рече, од кршење на договорот постигнат во Брисел и анексот во Охрид.
„Како што знаете, членот 4 од овој договор предвидува дека Србија нема да се спротивстави на приемот на Косово во ниту една меѓународна организација, но нивното однесување во понеделникот во Советот на Европа, како и нивното лобирање против прокосовските гласови го докажаа ова флагрантно кршење. Секако, нивната незаконска интервенција на изборите во Република Косово претставува кршење на членот 2 од овој договор, а воедно и на актите и меѓународните правни норми кои се применливи за сите наши држави“,
изјави претседателката на Косово на заедничката прес-конференција со претседателот Пендаровски.
Преку овој договор, додаде Османи-Садриу, Србија де факто го признава суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и тоа не може да го негира никој кој го чита текстот на договорот.
„Па, она што очекуваме од посредниците на ЕУ и од другите сојузници, кои се на некој начин набљудувачи на овој процес, е да се погрижат тоа на што се согласи Србија сега всушност и да го спроведе“,
додаде претседателката на Косово.