Покрај смртната закана, испраќаќот на пораката упатува и зборови со навредлива содржина кон Османи
Косовската претседателка Вјоса Османи добила порака со заканувачка содржина на електронската пошта на Претседателството, пренесува „Косова прес“.

Информацијата ја потврди и советникот за медиуми на Претседателството, Беким Купина, кој додаде дека оваа закана е една од многуте што претседателската ги добива изминатиот период.
„Што ги обединува сите? Неработењето на правосудните институции“,
рече тој.

Инаку, пораката на електронската пошта на Претседателството е напишана на нејасен албански јазик.
Испраќачот упатува смртни закани кон Османи, но и зборови со навредлива содржина.