Поради зголемениот број на ковид-заразени, во некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од ковид-19
Комисијата за заразни болести утре ќе одржи состанок на којшто ќе биде разгледана актуелната епидемиолошка состојба со коронавирусот во земјава.
Согласно денешните податоци од Институтот за јавно здравје, во изминатите 24 часа направени се 1 890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи со ковид-19, од кои 188 се реинфекции. Најголем број на активни ковид-случаи во моментов има во главниот град – 1 749, додека Пехчево и Дојран имаат по еден активен случај.
Некои од земјите во регионот веќе почнаа да воведуваат мерки за заштита од ковид-19. Во Црна Гора, поради влошување на епидемиолошката состојба, воведено е задолжително носење заштитни маски, а здравствените власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот.
Задолжителното носење заштитни маски се врати и во главниот град на соседна Бугарија, а според наредбата од здравствените институции, антиепидемиските мерки ќе важат заклучно со 19 август.
Здравствените власти во Грција, пак, велат дека нивната намера е да не постојат мерки што би биле задолжителни и оти се ќе зависи од ситуацијата наесен, но тие сакаат ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување, каде што нема да има потреба од строги или задолжителни мерки.
Во меѓувреме, во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски.
Во меѓувреме, во Германија како дел од мерките за справување со пандемијата на ковид-19 можно е од октомври на сојузните покраини да им се овозможи да воведат обврска на населението за задолжително носење заштитни маски.
