Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјата. Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.
Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин за сите суспектни случаи како и секојдневно следење на контактите на заразените лица
„КЗБ препорачува изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање; изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите; секојденвно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден. КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки”,
се вели во соопштението на Комисијата за заразни болести.
Инаку претходно, ТВ Алсат објави дека 43-годишен кичевчанец побегнал и не се јавил ниту на матичен лекар, откако во кичевската болница пристигнал со симптоми на изнемоштеност и видливи траги по кожата, а лекарите му препорачале да се тестира за мајмунски сипаници, но набрзо потоа бил лоциран, а првиот човек на КЗБ, Александар Петличковски кажа дека до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во текот на денот требало да пристигне примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници.