Комисијата за заразни болести на денешниот состанок даде препорака да останат во сила истите досегашни мерки за работата на угостителските објекти и администрацијата.
Комисијата препорача работата во државна и јавна администрација, општините и судовите да продолжи да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите и да не се менува работното време на угостителските објекти и тие да продолжат да работат до 21 часот.
„Во овој момент, здравствената ситуација со ковид-19 е само стабилна, но не и намалена и поради тоа не е дадена никаква препорака за олабавување на мерките и препораките. Граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што даваат резултати“,
посочуваат од Министерството за здравство.