Важно е во С Македонија да се спроведе попис со што ќе се овозможи креирање и спроведување на политики со ажурирани податоци.
Ова го шефот на Мисијата на ОБСЕ во земјава амбасадорот Клеменс Која. Тој во интервју за МИА вели дека важно е по 20 години во земјава да спроведе попис, чии резултати ќе се искористат во планирањето на иднината.
„Охрабрувачки е тоа што некои од опозициските партии го поддржаа усвојувањето на Законот за попис, дури иако не постоеше целосен консензус. По речиси 20 години, важно е земјата да спроведе попис, бидејќи тоа ќе им овозможи на владините институции да развиваат и спроведуваат политики за доброто на граѓаните врз основа на ажурирани податоци. Според мое гледање законот бил подготвен според најдобрите практики и стандарди од различни институции со надлежност во оваа област, како што се Економската комисија за Европа на ООН и Евростат“,
вели Која запрашан дали Законот за попис кој го донесе Собранието ќе овозможи да се спроведе квалитетен попис.
Во однос на барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ оваа обемна статистичка операција да се спроведе електронски, амбасадорот Која посочува дека ова прашање не е во мандатот на ОБСЕ, но и дека многу земји учеснички во организација планираат попис оваа година, а клучен предизвик ќе биде во услови на пандемија да се осигура безбедноста и здравјето на сите инволирани во спроведувањето на пописот.
„Пописот не е прашање кое е во мандатот на ОБСЕ, а земјите учеснички во ОБСЕ користат различни модели. Многу земји учеснички планираат да спроведат попис оваа година. Статистичката операција оваа година ќе биде предизвик особено со оглед на пандемијата на kовид-19. Важно е за Владата да воспостави јасни протоколи за да се осигура безбедноста и здравјето на попишувачите на теренот и на домаќинствата кои ќе бидат анкетирани. Искуството од предвремените парламентарни избори во јули 2020 година ми влева доверба дека ќе бидат испочитувани утврдените протоколи“,
вели Која.