Цената на гасот расте низ Европа, а многумина ја обвинуваат Русија дека се обидува да ја искористи ситуацијата во своја полза
Џејк Саливен, советник на американскиот секретар за национална безбедност, неодамна изрази загриженост дека Русија се обидува да ја искористи енергијата како политичко оружје, пишува Би-би-си.
„Верувам дека Русија треба да одговори на зголемените барања на пазарот во Европа“,
рече тој.
Но, колку навистина Русија е одговорна за сегашниот недостиг на гас и за зголемувањето на цената?
Колку гас доби Европа од Русија?
Околу 50 проценти од количината на природен гас во Европа доаѓа од Русија, поголем дека од преостанатите количини доаѓаат од Норвешка и Алжир.
Русија испраќа гас во Европа преку неколку големи гасоводи како што се „Северниот тек“, „Јамал Европа“ и „Братство“. Гасот се собира во регионални складишта, а потоа се дистрибуира до различни земји низ целиот континент. За време на пандемијата, вкупниот извоз на гас од Русија во Европа се намали со намалувањето на побарувачката.
Иако Европа потоа продолжи да се снабдува со гас од Русија, трендот на опаѓачка побарувачка продолжи. Обемот на снабдување е намален, особено преку гасоводи во Украина и Белорусија. Ова доведе до намалување на количината на резерви , а потоа и до зголемување на цените.
Дали Русија ги исполнува своите обврски?
„Газпром“, водечка државна енергетска компанија во Русија, доставува гас за Европа според два различни договори:
- Долгорочни договори кои често траат од 10 до 25 години.
- Еднократни договори за испорака на фиксна количина гас.
„Газпром“ рече дека долгорочните договори се основа за стабилно и одржливо снабдување со гас. И, се чини, дека оваа година тие ги исполниле своите обврски од договорот со европските клиенти.
Сепак, Фатих Бирол, директор на Меѓународната агенција за енергија, неодамна рече дека се проценува дека Русија, доколку сака, може да го зголеми снабдувањето со гас за 15 отсто.
Некои аналитичари сугерираат дека Москва сега ги намалува испораките на гас за да го забрза издавањето дозволи за новоизградениот гасовод „Северен тек 2“, кој се протега директно од Русија до Германија. Овој гасовод ја заобиколува Украина, а неговата изградба беше цел на критики од експерти за геополитика и заштита на животната средина.
„Голем дел од европските медиуми тврдат дека ‘Газпром’ намерно ја намалува испораката на гас со цел да ги натера германските власти и Европската комисија да го одобрат ‘Северен тек 2’“,
вели Џек Шарплс од Оксфордскиот институт за енергетски студии и додава дека ваквите анализи се сомнителни.
Ангела Меркел, германската канцеларка во заминување, рече дека нема сознанија дека Русија не ги исполнува своите договорни обврски.
„Русија може да снабдува гас врз основа на договорните обврски“,
рече неодамна Меркел.
Но, важно е да се напомене дека во моментов нема големи еднократни договори, според податоците од „Газпром“.
„Тоа нè води до заклучок дека ‘Газпром’ снабдува гас според постојните долгорочни договори, но не обезбедува дополнителни количини“,
вели д-р Шарклес.
Кадри Симсон, еврокомесар за енергија, има сличен став.
„Нашата првична анализа покажува дека Русија ги исполнува своите обврски од долгорочните договори, но не обезбедува дополнителни резерви“,
рече таа пред членовите на Европскиот парламент минатата недела.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, изјави за Би-би-си дека Русија никогаш не вршела притисок преку снабдувањето со гас.
Што се случува во Европа?
Во капацитетите за складирање гас низ Европа, нивото на резерви во моментов е околу 75 проценти, што е помалку од просекот за овој период од годината, според податоците на веб-страницата на Гасна инфраструктура Европа.
Резервите на гас во Велика Британија во моментов се со максимален капацитет, но само пет проценти од вкупните количини пристигнуваат од Русија.
Снабдувањето со гас во самата Русија е под просечното ниво за овој период од годината.
„Во моментов, рускиот пазар на гас е прилично затегнат, зимата се приближува, а производството е околу максимумот. Сето тоа ги ограничува капацитетите за извоз на гас“,
вели Аделин ван Хоуте, аналитичар во „Економист“.
Постојат неколку фактори што влијаат на состојбата во Европа:
- Студено време на почетокот на 2021 година, поради што резервите беа потрошени.
- Зголемувањето на цените минатите пролет и лето ги спречи трговците на мало да купуваат количини на гас од Норвешка поради проблеми со одржувањето.
- намалување на другите енергетски ресурси како што е енергијата добиена од ветер.
- зголемена побарувачка за гас во други делови на светот.
Зошто расте побарувачката на гас?
Ситуацијата во економијата по појавата на пандемијата на коронавирусот ги натера фабриките да го зголемат производството, што значи дека има поголема побарувачка за енергија.
Европа, исто така, се соочува со силна конкуренција во борбата за гас со земји од други делови на светот.
Во текот на изминатите децении, побарувачката за гас нагло се зголеми во Азија и на Блискиот Исток. Ова имаше силни ефекти врз пазарот на течен природен гас (ТНГ), кој учествува со околу една четвртина од европскиот увоз.
Кога побарувачката за ТНГ е висока, резервите обично се пренасочуваат кон Азија за да ги искористат предностите на зголемените цени. Покрај тоа, Русија го зголеми обемот на извоз на гас во Кина, наведува Би-би-си во текстот.