Граѓаните најавија дека ќе продолжат да се собираат и во текот на наредните денови
Шест дена по трагедијата во дискотеката „Пулс“, кочанчани денеска во 15 часот организираа едночасовен мирен собир во знак на почит кон трагично загинатите и поддршка за закрепнување на повредените.

Собирот се одржа во Паркот на револуцијата во Кочани, кој, како што истакнаа присутните, го организирале спонтано, со повик на социјалните мрежи. Немаше официјални говори, а присутните со пораки испишани на транспаренти порачаа дека бараат правда и расчистување на случајот до крај.
Граѓаните најавија дека ќе продолжат да се собираат и во наредните денови.