Во болниците низ државата во моментов се хоспитализирани 579 пациенти. Од нив 177 се во Скопје, а останатите 402 се во болниците во другите градови
Поради влошената епидемиолошка ситуација од денеска ковид – центарот на Клиниката за кожни болести е ставен во функција и примени се првите пациенти со компликации од ковид-19. Утре ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за неврологија, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Во врска со бројот на хоспитализирани од Министерството посочија дека согласно дневните извештаи од инфективните одделенија и ковид – центрите, во изминатите 24 часа вкупно се хоспитализирани 579 лица. Од нив 177 лица се хоспитализирани во Скопје: на Инфективната клиника – 79; во Градската општа болница „8 Септември“ – 67; на Институтот за ТБЦ – 31. Останатите 402 пациенти се хоспитализирани во болниците во останатите градови.
Photo: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI