На Кипар е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во земјата. Станува збор за 40-годишен маж кој патувал во странство.
Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека случајот е потврден по молекуларен лабораториски преглед во микробиолошката лабораторија на општата болница во Никозија и веднаш биле спроведени соодветните протоколи. Лицето е хоспитализирано во специјален простор во болницата и се следи неговата состојба.
Неодамна и повеќе балкански земји ги регистрираа првите случаи на мајмунски сипаници меѓу кои и Грција, Србија, Хрватска и Црна Гора.