Кинескиот став за истражување на потеклото на пандемијата, според тамошните власти, секогаш бил отворен и одговорен
Кина денеска потврди дека преговара со Светска здравствена организација за датумите и планот за посета на меѓународните експерти кои ќе го истражуваат потеклото на ковид-19.
„Кинескиот став за истражување на потеклото на пандемијата секогаш бил отворен и одговорен“,
истакна портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг.
Таа нагласи дека е можно да дошло до недоразбирање и оти нема потреба да се продлабочува прашањето.
„Проблемот на потеклото е многу сложен. За да обезбедиме успешна работа на меѓународната експертска група во Кина и за да се извршат потребните процедури и релевантните конкретни планови, двете страни мора уште да разговараат за тоа“,
посочи Хуа.
Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус, изјави дека е многу разочаран што кинеските власти не им дозволија влез во земјата на експертите за испитување на потеклото на ковид-19 во Вухан.