Кина пријави само 16 нови случаи на коронавирус регистрирани во текот на вчерашниот ден што е најмала бројка на новозаразени од 17 март до денеска, јавува „Ројтерс“.
Податоците од кинеската Национална здравствена комисија, покажуваат дека девет од новите случаи се увезени од странство, додека останатите седум се локално инфицирани.
Вкупниот број на пријавени случаи на зараза од појавата на вирусот во Кина изнесува 82 735.
Не се регистрирани нови смртни случаи, па овие статистики остануваат на бројката од 4 632 мртви.