Неодамнешните обвинувања на американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео дека пандемијата на ковид-19 потекнува од лабораторијата во Вухан, според Кина, се политичка стратегија на републиканците пред претседателските избори во САД.
Портпаролката на кинескиот Министер за надворешни работи Хуа Чунјинг ги повика САД да прекинат со ширење дезинформации и да ја доведуваат во заблуда меѓународната заедница.
„Господинот Помпео не може да достави никакви докази за обвинувањата затоа што не постојат. Со овие прашања треба да се занимаваат научниците, а не политичарите“,
порача Чунјинг.
Чунјинг истакна дека САД треба да ги решаваат своите проблеми и да се занимаваат со пандемијата во сопствената држава. Обвинувањата дека Кина профитира од епидемијата на новиот коронавирус ги отфрли како неосновани.