„Системите за воздушна одбрана НАСАМС и Аспид пристигнаа во Украина! Ова оружје значително ќе ја зајакне украинската армија и ќе го направи нашето небо побезбедно“, изјави министерот за одбрана Олексеј Резников на социјалните мрежи.
Украина денесека објави дека добила повеќе системи за противвоздушна одбрана од нејзините западни воени сојузници, јавуваат агенциите. Киев наведува дека оружјето ќе помогне во одбраната од руските напади насочени кон енергетската инфраструктура на земјата во последните недели.
„Системите за воздушна одбрана НАСАМС и Аспид пристигнаа во Украина! Ова оружје значително ќе ја зајакне украинската армија и ќе го направи нашето небо побезбедно“,
изјави министерот за одбрана Олексеј Резников на социјалните мрежи.
Look who’s here!
— Oleksii Reznikov (@oleksiireznikov) November 7, 2022
NASAMS and Aspide air defence systems arrived in Ukraine!
These weapons will significantly strengthen #UAarmy and will make our skies safer.
We will continue to shoot down the enemy targets attacking us.
Thank you to our partners: Norway, Spain and the US. pic.twitter.com/ozP4eXhgOg
Тој додаде дека ќе продолжат да соборуваат непријателски цели кои ги напаѓаат.
„Благодарност до нашите партнери – Норвешка, Шпанија и САД“,
истакна Резников.
Руските напади минатиот месец уништија околу една третина од електраните во Украина, а владата ги повика Украинците да ја зачуваат електричната енергија што е можно повеќе, пренесуваат агенциите.
Властите во Киев денеска соопштија дека ситуацијата околу способноста на градот да ги снабдува жителите со енергија и понатаму е „предизвикувачка“ и ги повикаа Украинците во главниот град да ја ограничат нивната употреба на електрична енергија во одредени периоди од денот.
„Ги замолуваме сите жители на регионот да ги поддржат работниците во борбата на енергетскиот фронт“, се вели во платформата за социјални медиуми Телеграм.
Резников минатиот месец изјави дека Украина го добила првиот одбранбен систем Ирис-Т од Германија.
Врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, претходно изјави дека Русија досега загубила двојно повеќе авиони во Украина отколку во советско-авганистанската војна.
И британското Министерство за одбрана иако не може независно да ги потврди овие бројки, оттаму, сепак, наведуваат дека недостатокот на руската војска во воздухопловниот сектор веројатно е влошен поради лошата обука, загубата на искусни екипажи и зголемените ризици во густите украински зони за воздушна одбрана.