Вкупно 32 од 35 лица што се пријавиле за денешното гласање во Кичево го оствариле своето право на глас.
Во Општинската изборна комисија – Кичево, како што пренесува МИА, за гласање на парламентарните избори се пријавиле 35 болни од ковид-19 и лица во самоизолација, во Општина Македонски Брод три лица, додека во Општина Пласница немало пријавени за денешното гласање.
Од пријавените 35, во Кичево гласале 32 избирачи. Двајца одбиле да гласаат, а едно лице во меѓувреме заминало во болница.
Во Македонски Брод, пак, гласачкото право го оствариле сите три лица што се пријавиле за гласање.