Против кандидат на Пирц Мусар е Анже Логар кој иако формално на овие избори настапи како независен кандидат и се обиде да се дистанцира од партискиот шеф Јанша, јавноста не го доживува така
Словенечките граѓани денеска гласаа во вториот круг од претседателските избори во кој се соочија кондзерватицевот Анже Логар кој е од поранешн шеф на дипломатијата од десничарската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша и и адвокатката и активистка за човекови права, Наташа Пирц Мусар.
Пирц Мусар на изборите настапи како независна кандидатка и иако во првиот круг имаше помалку гласови од Логар, првичните резултати од вториот круг покажуваат дека таа е во водство.
Како што јавува телевизијата Н1 Словенија, на преброени 42,22 отсто од гласовите, Пирц Мусар освоила 54,36 отсто, а Логар 45,64.
Доколку Пирц Мусар победи, ќе биде прва жена претседателка на Словенија.
Во првиот круг од изборите таа освои 26,87 отсто, додека Логар имаше 33,96 отсто од гласовите.
И Логар формално на овие избори настапи како независен кандидат иако мнозинството од јавноста не го доживува така. Тој беше министер за надворешни работи од 2020 до 2022 година во владата на Јанша, а во кампањата за овие избори се обиде да се дистанцира од својот партиски шеф и да се претстави себе како умерен политичар.
Пирц Мусар има 54 години, како адвокатка е специјализирана за заштита на лични податоци, а ја застапуваше и сопругата на поранешниот претседател на САД, Меланија Трамп. Позната е и како застапничка за правата на ЛГБТ популацијата. Работела 15 години во Советот на Европа како експерт за човекови права.
Победникот на денешните избори ќе го наследи центристот Борут Пахор, чиј втор петгодишен претседателски мандат истекува во декември, а Уставот не му дозволува да се кандидира за трет.
Новиот претседател ќе биде петтиот по ред откако Словенија се отцепи од Југославија и прогласи независноста во 1991 година. Оттогаш, шефови на државата, покрај Пахор (2012-2022) беа и Милан Кучан (1991-2002), Јанез Дрновшек (2002-2007) и Данило Тирк (2007-2012).