Во полициска акција откриени се возачи на мотори кои организираат и учествуваат во „диви трки“ на подрачјето на Скопје.
Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ја спроведе акцијата на 3 август 2020 во времето од 07:00 до 24:00 часот.
„Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост“,
соопштија од МВР.