Полицијата во текот на изминатиот деноноќие напишала 271 казна за неносење маски на територијата на цела држава, соопшти МВР.
Оттаму и денеска апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.
Казната за неносење маски е 20 евра, а ако се плати на самото место изнесува 10.