По извршена надзор од инспектор над депонијата во Росоман, која често се опожарува во летниот период и од која се ослободуваат штетни емисии во воздухот, Државниот инспекторат за животна средина информират дека во текот на надзорот се утврдени траги од горење и видлив чад на повеќе места.
„Јавното комунално претпријатие и одговорното лице се казнети парично (3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице). Издадена е наредба за гаснење на пожарот и постојано одржување на минимални технички услови согласно Законот за управување со отпад“
се наведува во соопштението на ДИЖС.
Од Државниот инспекторат за животна средина додават дека постојано се вршат контроли врз примената на минималните технички услови на депониите на кои се отстранува отпадот од страна на општинските јавни комунални претпријатија.