Докторот од Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, Илир Демири, во дебата на „360 Степени“, зборуваше за симптомите на заразените од коронавирусот, и го коментираше текстот којшто се шири на социјалните мрежи, според кој ако ви тече носот и искашлувате не може да сте заразени од новиот вид коронавирус затоа што коронавирусната пневмонија е сува кашлица без течење на носот.
„Ако се однесува на оваа инфекција ковит 19, тогаш е точно ова. Инаку, коронавирусите се познати од 60-тите години. Првин, клинички се дијагностицирани како болести кои имаат обична настинка. Епидемиолошките и светските проблеми настанале некаде во 2002 година со сарс, потоа 2012 г. со мерс што се поистакнати синдроми со инфекции на долниот респираторен тракт. Главната клиничка слика е кашлицата, температурата и изнемоштеност, мускулна болка. Ако има течење на носот, катарална симптоматологија, тогаш сигурно е друг вирус, сега сме и во сезона на грип, треба повеќе да се мисли за грипот“,
вели Демири.
Демири зборуваше и за третирањето, со оглед на тоа што нема специфична терапија со лекови.
„Тоа се проблеми на современата медицина. Лекарите третираат врз основа на клиниката, специфичен третман факт е дека нема, но има супортивен третман, што значи давање на симптоматска терапија, супстиционална ако треба да се пополни со нешто, поддршка со кислород и е во постојана грижа, да се минимизира евентуалната компликација. Пациентката сама дише, но има потреба од дополнителен кислород и тоа го прави преку маска за кислород. Значи е свесна, мобилна е… само и се помага да се збогати крвта со кислород“
вели Демири.
Запрашан за тоа зошто пациентката се третира со антибиотици доколку е во прашање вирус, Демири рече дека ако вирална болест влезе во телото, уништува многу физиолошки бариери кои ни служат за заштита.
„Ние сме колонизирани со бактериите што ги имаме со себе. Тогаш батериските инфекции се содружници на виралните инфекции. Прима антибиотик пациентот, и параметрите кои ги мерат можностите на инфекција, ги следиме постојано“,
рече Демири.