Според лидерот на Беса, ВМРО- ДПМНЕ не се помрднале ниту еден милиметар од националистичките и етноцентристички ставови на лидерството на Груевски
Невозможна е соработка со ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 15 јули, изјави лидерот на Беса, Биљал Касами, во дебата на ТВ 21.
„Јас, како лидер на движењето Беса, сум единствениот претседател кој јавно се сретна лично со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ. И од тој момент досега, ние сметаме дека ВМРО-ДПМНЕ не се помрднале ниту еден милиметар од националистичките и етноцентристички ставови на лидерството на Никола Груевски. Значи, имаме таква ситуација во македонскиот камп. Имаме соработка меѓу СДСМ и Беса, од позиција на власт-опозиција, за придвижување на интеграциските процеси. И денес сме во ваква коалиција. Имаме една коалиција ‘Можеме’ која има заедничко искуство на соработка. Ја имаме и ВМРО-ДПМНЕ, која речиси никогаш не била заинтересирана за соработка со албанските партии, јас можам да кажам дека е невозможна соработка, по 15 јули, меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса“,
изјави Касами.
Касами, исто така, на прашање дали по изборите Беса би му свртела грб на СДСМ, оцени дека очекува коалицијата „Можеме“ да обезбеди 61 пратеничко место и да формира влада.