Тие попладнево би можеле да гласаат уште двапати, еднаш во 17:30 часот и, доколку не се постигне консензус, повторно во 19:00 часот
Кардиналите што ја сочинуваат конклавата попладнево се вратија во Сикстинската капела откако претходно заминаа на пауза за ручек по утринските неуспешни гласања за избор на нов папа, објавија светските медиуми.
Со тоа, почнуваат попладневните гласања за тоа кој ќе го наследи папата Франциск.
Тие попладнево можат да гласаат уште двапати, еднаш во 17:30 часот и, доколку не се постигне консензус, уште еднаш во 19 часот.

За изборот на папата е потребно двотретинско мнозинство или 89 гласа. Кога ќе се појави бел чад од оџакот, тоа е сигнал дека е избран нов црковен поглавар.
Доколку денеска не биде избран нов папа, утре се очекува да има уште најмногу четири гласања.
Доколку денеска не биде избран нов папа, утре ќе има уште четири гласања најмногу.
Црн чад денеска кратко пред пладне се појави од оџакот на Сикстинската капела, означувајќи дека кардиналите и по двете утрински гласања сè уште не го избрале новиот папа.
На конклавата во Ватикан учествуваат рекордни 133 кардинали од 70 земји кои за својот фаворит се изјаснуваат со тајно гласање. На претходната конклава во 2023 година, кога беше избран Франциск, учествуваа 115 кардинали од 48 земји.
Единствениот контакт на конклавата со надворешниот свет е преку чадот од оџакот, кој се создава со палење на гласачките ливчиња, со специјални хемикалии кои ја одредуваат неговата боја.
На кардиналите им беа потребни само четири круга гласање за да го потврдат Бенедикт Шеснаесетти како нов папа во 2005 година, а идентичен бил случајот и со изборот на Јован Павле Први во 1978 година.
Малку повеќе време било потребно за изборот на папата Јован Павле Втори во 1978 година. Тогаш конклавата траела три дена и имало осум круга гласање.
Шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Франциск беа распространети дури и пред неговата смрт.