И Вест и Трамп неодамна беа вратени на Твитер од новиот сопственик на платформата, милијардерот Илон Маск. Репутацијата на Вест е во опаѓање во последно време, особено откако тој даде серија антисемитски изјави тврдејќи дека еврејската кабала го контролира музичкиот бизнис и медиумите
Американсскиот рапер Канје Вест објави дека му рекол на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе биде одличен кандидат за негов потпретседател во 2024 година, на што поранешниот американски претседател полудел, пренесе германската новинска агенција ДПА.
Раперот, сега познат како Је, тврди дека му рекол на поранешниот претседател дека сака Трамп да се кандидира за потпретседател на листата за Белата куќа на чело со него како претседателски кандидат. Разговорот се водел за време на жестоката средба во имотот на Трамп Мар-а-Лаго во Палм Бич , Флорида.
„Мислам дека Трамп беше најмногу вознемирен што го замолив да ми биде потпретседател. Го фатив неспремен“,
рече Канје во видеото објавено на неговиот неодамна обновен профил на Твитер.
Трамп кристално јасно стави до знаење дека нема да поддржи никого освен себе на претседателските избори во 2024 година.
„Трамп всушност почна да вреска по мене на масата велејќи ми дека ќе загубам“,
продолжи Канје.
Раперот му рекол на Трамп да се смири:
„Реков, застани, застани, застани, Трамп, ти зборуваш со Је“.
И Вест и Трамп неодамна беа вратени на Твитер од новиот сопственик на платформата, милијардерот Илон Маск. Репутацијата на Вест е во опаѓање во последно време, особено откако тој даде серија антисемитски изјави тврдејќи дека еврејската кабала го контролира музичкиот бизнис и медиумите.
Раперот беше отфрлен од Адидас и други врвни брендови, а германскиот производител на патики сега ги истражува извештаите за неговото наводно сексуално недолично однесување поврзано со бизнисот.
Трамп минатата недела официјално ја објави кампањата за враќање во 2024 година, само неколку дена откако републиканците покажаа полоши резултати од очекуваното на среднорочните избори.