Во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Едно од лицата кои се превезувале на мотоциклот – почина, а другото е пренесено во Ургентниот центар Скопје
Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје. Едно лице загина, а едно е повредено и е пренесено во Ургентниот центар Скопје.

Според првичните информации на Министерството за внатрешни работи (МВР), во сообраќајната несреќа учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички.
„Едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, почина, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје“,
велат првичните информации на МВР.
Сообраќајната несреќа била пријавена во МВР во 16:55 часот.
Поради несреќата, сообраќајот на автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, е целосно затворен, а возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.
