Реакцијата на професорот Гордан Калајџиев следува по вчерашната прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, на која, коментирајќи ја колективната оставка на членовите на Комисијата за помилување, оцени оти на тој начин ја констатирале направената грешка и оти е доблесно да преземат одговорност
Комисијата за помилување не призна грешка, како што тврди Мицкоски, туку дека се држи до принципи.

Ова како коментар под објава на својот фејсбук-профил го пишува професорот Гордан Калајџев, кој пред два дена поднесе оставка од член на Комисијата за помилување заедно со останатите членови на ова тело.

Реакцијата на Калајџиев следува по вчерашната прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски, на која, коментирајќи ја колективната оставка на членовите на Комисијата за помилување, оцени оти на тој начин ја констатирале направената грешка и оти е доблесно да преземат одговорност.
„Жив човек што работи знае и да погреши. Кога ќе се констатира грешката, ако се преземе одговорност, тогаш тоа е доблесно. Така можам да ја коментирам оставката на членовите на Комисијата која се занимава со помилувањата. Констатирана е очигледно грешката и единственото нешто што тие го имаат како морален чин е да се повлечат и тие тоа и го направија, така што очекувам тука да се затвори таа тема во јавноста“,
изјави Мицкоски на вчерашната прес-конференција во Владата.
Завчера шестчлената Комисија за помилување поднесе колективна оставка, а одлуката на својот фејсбук-профил ја соопшти професорот Гордан Калајџиев, кој во образложението наведе дека ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прифати оставката и најави дека ќе следуваат консултации за новиот состав, како и за измени во системот на помилување.