Поплавите отсекоа неколку села, а надојдената вода носеше и автомобили
Најмалку пет луѓе загинаа, а 800 се евакуирани поради пожарот што избувна во близина на италијанското летувалиште Пескара.
Според извештаите од италијанските медиуми, повеќе од 500 пожари се активни во јужниот дел на Италија. Во текот на изминатиот викенд, како што информираше италијанската противпожарна служба биле регистрирани дури над 800 пожари. Пожарникарите најмногу интервенции имале во регионот кај Сицилија – 250, потоа во Пуљи и Кабрија – 130, како во Лацио – 90 и Кампања – 70.
Додека југот на Италија е погоден од пожари, северот е зафатен од поплави предизвикани од обилните врнежи. Најпогоден е регионот Комо. Неколку села се отсечени, а надојдената вода носеше и автомобили.